Домашни крем банани – вкусот на детството

Домашни крем банани – вкусот на детството

Вкусот на детството во вашиот дом. Направете одлични крем банани во вашата кујна.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 600 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 3 кеси желатин (30гр)
  • 1 екстракт од банана

Состојки за глазура:

  • 150 гр млечно чоколадо
  • малку путер и масло

Начин на подготовка:

  1. Шеќерот се готви 4-5 минути со 200 милилитри вода додека да се растопи убаво.
  2. Во остатокот од водата се ставаат трите кеси желатин.
  3. Кога ќе се растопи шеќерот, се става во сад настрана, па се додава и желатинот.
  4. Добиената смеса се мати најмалку 15 минути, додека не стане густа, па се додава екстрактот од банана и уште малку се мати.
  5. Смесата се става во плех кој е претходно подмачкан.
  6. Оладената смеса се сече на коцки, а потоа се спрема глазурата.
  7. Чоколадото се топи на пареа, па се прелеваат со неа чоко-бананите во плехот.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Фереро колач полн со чоколадо

Торта која лесно се прави, а е апсолутен хит – Повкусна од Рафаело

Розен торта со многу ореви

Фантастична урнебес торта

Чоколадна торта со ореви

Направете совршена декорација за на торта

Неодолива торта со кафе и бадеми

Ароматична торта: Десерт со тиква кој им успева на сите