Ако се храниме вегетаријански или постиме не значи дека треба да јадеме само тесто – прости јаглехидрати, советува Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club. Оваа салата може да ја јадеме како ужинка или вечера бидејќи има доволно протеини и растителни влакна, а малку калории.
Состојки:
- 5-7 свежи шампињони
- залена салата
- млад кромид
- зачини и додатоци: јаболков оцет, ладно цедено маслиново масло, хималајска сол, црн бибер
Начин на готвење:
- Шампињоните ги сецкаме и ги печеме на хартија за печење. Ги оставаме да се изладат.
- Ги сецкаме марулата и младиот кромид и ги додаваме печурките.
- Зачинуваме по вкус.
Пријатно јадење!
*За подетални информации, совети или консултации со Елена Трајковска Раткова, советник за исхрана во Wellness 24 Club, контактирајте ја на нејзиниот Facebook профил или преку e-mail: etrajkovska@gmail.com