Ребра со кисела зелка

Ребра со кисела зелка

Сезоната на кисела зелка е на крај, па еве еден вкусен рецепт кој ни го испраќа Гордана. Комбинацијата е одлична и многу вкусна, а состојките се за 4 лица.

Состојки:

  • 700 грама ребра
  • 1 кисела зелка
  • сенф
  • млака вода
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Ребрата се зачинуваат со сол, црн пипер. Потоа од двете страни се премачкуваат со сенф.
  2. Се ставаат во кеса за печење. Се печат помеѓу 45 и 60 минути на температура од 180 степени.
  3. Киселата зелка се сече на ленти и се става во сад за динстање.
  4. Во садот се додава филџан млака вода, сол и црн пипер.
  5. Се динста додека не омекне зелката. По потреба додавајте уште млака вода.

Сервирајте ги во овален сад. На здравје!

singlepost_text