Ова вкусно јадење е традиционален дел од нашата кујна. Gotvi.mk препорака е да подготвите чомлек на охридски начин по рецептот на Соња. Еве како: Готви со љубов 🙂 Прочитај поврзани рецепти: Мусака на коцки Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки К’тмер со спанаќ и урда Пача […]
Главни јадења
Пица лазањи
Овој поинаков рецепт за лазањите на кои сме навикнати внесува вистинско освежување во домашната кујна. А, и многу поедноставно се готви. Еве како тоа го прави Биљана: Оваа количина е потребна за да направите голема тава лазањи. Доколку сакате да направите помалку, преполовете ја количината на сите состојки. Во подготовката […]
Секељи гулаш
Овој специјалитет Ива го подготви според традиционален унгарски рецепт. Името е специфично, но некои велат дека правилното име на ова јадење е Сегедински гулаш, според истоимениот град во Унгарија. Како и да е, ова јадење ја има Gotvi.mk препораката поради одличниот вкус. Добар апетит!
Ребра со кисела зелка
Сезоната на кисела зелка е на крај, па еве еден вкусен рецепт кој ни го испраќа Гордана. Комбинацијата е одлична и многу вкусна, а состојките се за 4 лица. Сервирајте ги во овален сад. На здравје!
Пржена урда со сланина
Еден од највкусните оброци за наутро, кој е доволно калоричен за да ве држи сити до ручек. Погледнете што ви е потребно за да го подготвите. Вкусот на урдата измешан со сланина и лута пиперка е неверојатен, мацкајте со парче леб испечено на тостер со мерак J На здравје!
Пилешко со паста и песто сос
Овој превкусен рецепт ни го праќа Ива која за него се инспирирала од Кујната на Џејми Оливер. Еве како да подготвите пилешко со паста и песто сос. На здравје!
Џигер
За многумина вистински специјалитет и омилено јадење. Еве како да подготвите вкусен џигер. Добар апетит!
Тава полна зеленчук
Згответе вкусен оброк богат со зеленчук за цело семејство. Се што треба е при рака да имате тиквица, модар патлиџан и свежи печурки. Пријатен ручек и на здравје 🙂
Пилешка мучкалица со ориз
Јадењата со пилешко место се навистина неверојатни. Со овој рецепт, Леа предлага да подготвиме навистина вкусно и разноврсно јадење. Одлично е во комбинација со свежа сезонска салата. На здравје!
Веге шпагети
Ако имате дилеми дали интегралните шпагети се еднакво вкусни како и обичните, ве уверуваме дека тоа е така. Не е голема филозофија да сварите интегрални шпагети, а начинот на готвење е ист како и за обичните шпагети. На здравје!