Вкусна проја со чварки

Вкусна проја со чварки

Необична проја со чварки, интересен доручек или прилог со главното јадење.

Состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја пченично брашно
  • 200 гр чварки
  • 2 јајца
  • 100 гр сирење
  • 3/4 шолји масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги, додајте ред пченкарно па пченично брашно, сол и прашок за печиво. Разматете додека не добиете хомогена маса, а потоа измешајте иситнето сирење и измешајте со дрвена лажица. На кра јставете чварки и добро соединете. 
  2. Тестото ставете го во претходно намастен плех или калапи за проја па печете околу половина час на 200 степени. Послужете со кајмак.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text