Колач со компот од вишни

Колач со компот од вишни

Овој десерт не содржи ниту глутен ниту лактоза и одлично оди со шолја чај.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 250 гр кокосово млеко
  • 220 гр пченкарно брашно
  • 1,5 лажичка прашок за печиво
  • шеќер по избор
  • компот од вишни

Начин на подготовка:

  1. Во сад додајте јајца и количина шеќер по избор, па добро измешајте. Додајте кокосово млеко во смесата со јајца. 
  2. Во садот додајте ги и сувите состојки, брашно и прашок за печиво. 
  3. Добро намастете плех, па ставете ја смесата, додајте и вишни во тестото. 
  4. Ставете во рерна на 180 степени околу 20 минути. 
  5. Пред сервирање колачот посипете го со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text