Одличен стар рецепт за орев-ванила кифлички
Состојки:
- 420 гр меко брашно
- 250 гр путер или маргарин
- 140 гр шеќер во прав
- 200 гр мелени ореви
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 помали јајца
- шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
- Во сад ставете брашно, па маргаринот кој само неколку минути го држите на собна температура и соединете го добро со брашното, па додајте шеќер и ванилин шеќер. Измешајте, додајте ореви и јајца, па добро замесете го тестото и оставете го во студена просторија околу 20 минути и правете кифлички.
- Печете ги околу 15 минути на 180 стпеени, тоа зависи од печката и колку големи кифли правите, така што секогаш проверувајте.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Душкина кујна“:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот