Пита без кори, со маслинки и сирење

Пита без кори, со маслинки и сирење

Вкусна пита без кори, со сирење и маслинки.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 2 лажици гриз
  • 100 мл млеко
  • 1/2 прашок за печиво
  • 50 гр путер

Состојки за фил:

  • 200 гр сирење
  • 200 гр кисела павлака
  • 100 гр маслинки
  • 1 црвена пиперка
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Разматете 2 јајца, додајте брашно со прашок за печиво, млеко, омекнат путер и добро изедначете, па ставете во плех половина од смесата.
  2. Сирењето исечкајте го на коцки и распоредете по тестото. Павлаката разматете ја со јајце. На сирењето распоредете сечкани маслинки и сечкана пиперка. Преку ставете павлака и распоредете, а потоа и другиот дел од тестото. Убаво израмнете и печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text