Полнети пилешки ролни

Полнети пилешки ролни

Предлог за вкусен ручек од пилешко месо…

Состојки:

  • 600 гр пилешки гради
  • 2 лажички сенф
  • 1 чешне лук
  • 150 гр + 100 гр кашкавал
  • 200 гр сланина
  • 1 јајце
  • 1 лажица кисела павлака
  • 200 гр павлака за готвење
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исчукајте ги со чекан за месо, па посипете со сол и бибер. Измешајте сечкан лук и сенф, па намачкајте го пилешкото. Ставете парчиња кашкавал и свиткајте. Така подготвеното месо свиткајте го во сланина и ставете во плех. 
  2. Разматете едно јајце, кисела павлака, павлака за готвење, посолете, побиберете и прелијте преку месото. 
  3. Печете 30 минути на 200 степени. Извадете од рерна, посипете со кашкавал и допечете уште 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text