Колач од гриз и јаболка – готов за половина час

Колач од гриз и јаболка – готов за половина час

За само 30 минути подгответе неодолив колач од јаболка.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 2 шолји рендани јаболка
  • 1 шолја гриз
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја брашно
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 шолја млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 1/2 кесичка цимет

Состојки за глазура:

  • 4 лажици млеко
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици шеќер
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Јајцето разматете го со шеќер и ванилин шеќер, па додајте млеко и масло и уште малку матете.
  2. Брашното измешајте го со прашок за печиво.
  3. Ставете брашно и гриз и со лажица мешајте додека не се разбијат грутките. Додајте рендани јаболка и цимет и сè убаво измешајте.
  4. Смесата излејте ја во намастен плех (најдобро е да користите плех од 30 см).
  5. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го колачот додека не порумени. Со чепкалка проверете дали е готов после 20 минути.
  6. Од наведените состојки направете глазура и прелијте преку врелиот колач. Оставете да се излади па сечете на коцки и послужете.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text