Колачиња од овесни снегулки и јаболка

Колачиња од овесни снегулки и јаболка

Одличен десерт, кој освен што е здрав е и многу вкусен…

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја рендани јаболка
  • 50 гр путер
  • 1/2 шолја урми
  • 1 лажичка цимет

Начин на подготовка:

  1. При чистењето урмите потопете ги во вода и оставете ги најмалку половина час, а потоа излупете ги и отстранете ги коските. Сомелете ги во сечко. 
  2. Јаболката изрендајте ги, а путерот растопете го. Добро замесете смеса од овесни снегулки, јаболка, урми, путер и цимет. 
  3. Со лажица вадете топчиња и ставајте ги на хартија за печење, па нежно притиснете ги. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text