Пиперки во сенф: Пикантна салата највкусна со топол леб

Пиперки во сенф: Пикантна салата највкусна со топол леб

Подгответе вкусна зимница.

Состојки:

  • 15 пиперки
  • 250 мл оцет
  • 250 мл вода
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • малку конзерванс
  • ловоров лист
  • зрна бибер
  • 200 мл масло
  • 300 гр сенф

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги пиперките и исечете ги на ленти. Во тенџере измешајте вода, оцет, сол, шеќер, конзерванс, ловоров лист и бибер. Додадете ги пиперките и гответе додека не зовријат, па оставете уште 10-15 минути да се зготват пиперките. 
  2. Извадете ги пиперките на цедалка и оставете ги да се изладат и исцедат. Во еден сад убаво измешајте ги маслото и сенфот, па додајте ги пиперките и сè убаво измешајте. Ставете во стерилизирани тегли.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text