Мафини со тиквички

Мафини со тиквички

Брзо и лесно направете вкусни солени мафини.

Состојки:

  • 2 мали тиквици
  • малку сол
  • 2 јајца
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 180 мл јогурт
  • 4 лажици масло
  • 2 чаши оштро брашно

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците излупете ги, изрендајте ги, посолете и оставете 10 минути да отстојат. За тоа време разматете јајца со јогурт, брашно и масло, па додајте тиквици, без да ги исцедите. Сѐ добро соединете и полнете калапи за мафини. 
  2. Ако имате, во смесата можете да додадете и малку зачински билки и пармезан. Печете 30 минути на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text