Брза торта со јагоди

Брза торта со јагоди

Еве како лесно и брзо да направите вкусен десерт за целото семејство.

Состојки за бисквит:

  • 2 белки
  • 2 лажици шеќер
  • 2 жолчки
  • 2,5 лажици брашно
  • 2-3 лажици млеко

Состојки за фил:

  • 100 гр растопено бело чоколадо
  • 3 жолчки
  • 50 гр шеќер
  • 250 мл млеко
  • 1 кесичка желатин

Останати состојки:

  • јагоди

Начин на подготовка:

  1. За бисквит: Разматете белки, па додајте шеќер, жолчки и брашно. После секое додавање матете, освен после брашното, тогаш лесно измешајте. Ставете во калап обложен со хартија за печење и печете на 180 степени 8 минути. Врелиот бисквит прелијте го со ладно млеко. 
  2. За фил: Разматете жолчки со шеќер, па додајте млеко. Гответе додека не згусне смесата. Во неа додајте растопено бело чоколадо и активиран желатин. Убаво соединете. Наредете јагоди, па ставете фил. По желба додајте јагоди и во средина на филот. Оставете да се излади. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text