Салата од модри патлиџани

Салата од модри патлиџани

Свежа и вкусна салата која ќе ве воодушеви…

Состојки:

  • 2 мали модри патлиџани
  • 4 лажици маслиново масло
  • 100 гр сирење
  • 2 лажици ситно сечкано нане
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 лимон
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Патлиџаните исечкајте ги на кругови, посолете ги и оставете ги да отстојат. Исушете ги на салфети и намастете ги. Наредете ги во тепсија и печете на 200 степени. Печете 10 минути, па свртете ги и печете уште 5 минути.
  2. Исечкајте лук и измешајте со сок од лимон и ситно сечкано нане. Прелијте преку патлиџаните, додајте сирење и измешајте.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text