Брзи мини уштипци – без јајца и прашок за печиво

Брзи мини уштипци – без јајца и прашок за печиво

Идеални кога немате многу време за готвење…

Состојки:

  • 350 гр брашно
  • 300 гр кисело млеко (полномасно)
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 4-5 лажици свежо млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Содата ставете ја во кисело млеко и оставете да се активира. Брашното просејте го во сад и измешајте го со шеќер и сол. Ставете го нараснатото кисело млеко и мешајте по малку додавајќи и свежо млеко, лажица по лажица, додека не добиете меко лепливо тесто.
  2. Загрејте го маслото на умерен оган и со лажица земете меко тесто, а со друга лажица ставете во маснотијата. Уштипците можете да ги обликувате и со раце.
  3. Пржете ги додека не добијат златна боја, па вадете ги на хартиена салфета. Откако благо ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав или сервирајте ги со џем, ако сакате слатки уштипци. Ако сакате солени, послужете ги со сирење, кајмак, сувомеснато…

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text