Макарони со пилешко – одличен ручек

Макарони со пилешко – одличен ручек

Поради ниската калорична вредност, оваа паста е одлична за оние кои сакаат да ослабнат.

Состојки:

  • 1 пакување макарони
  • 1 лажичка масло
  • 250 гр пилешко бело месо
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • 1-2 лажички зачин
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажица брашно
  • 1 шолја сок од домати
  • 1/3 шолја павлаак за готвење со мал процент млечни масти
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. На самиот почеток згответе ги макароните, а во тава пропржете кромид додека не добие златна боја, па додајте бело месо кое сте го исечкале на коцки и посолете. 
  2. Потоа додајте исечкана зелена пиперка, бибер, магдонос и зачин. 
  3. Измешајте сок од домати и брашно и со тоа прелијте сè. 
  4. Оставете да крчка, а потоа додајте павлака за готвење. Поклопете ја тавата и гответе уште неколку минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

 

singlepost_text