Лесен оброк од пилешко и зеленчук

Лесен оброк од пилешко и зеленчук

За ручек или вечера, лесен оброк со месо и зеленчук.

Состојки:

  • 2 лажици темно сусамово масло
  • 2 ситно сечкани чешниња лук
  • 2 кг пилешки гради без коски и кожа
  • 1 брокула без стебло
  • 1 пакување печурки
  • 3 излупени моркови
  • 1 исечкана кинеска зелка
  • 100 гр зелена боранија
  • 2 лажици теријаки сос

Начин на подготовка:

  1. Загрејте 1 лажичка масло во тава на средна температура. Додајте лук и измешајте. Ставете го пилешкото во тава и печете по 4 минути од секоја страна. Извадете го од тава, исечкајте го на ленти, оставете го на страна.
  2. Загрејте ја останатата лажица масло во тава на висока температура. Додајте зеленчук и теријаки сос. Пржете брзо додека зеленчукот не почне да омекнува. Додајте пилешки ленти, добро соединете и продолжете со готвење 2-3 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text