Пилешки плескавици со кашкавал

Пилешки плескавици со кашкавал

Едноставно се прави, а со вкусот воодушевува.

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо
  • 2 чешниња лук
  • 1 мала главица кромид
  • 1 лажица презла
  • 1 лажица мајонез
  • магдонос по вкус
  • сол по вкус
  • сув зачин по вкус
  • 100 гр кашкавал исечкан на коцки, за полнење

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото сомелете го во сецко. Лукот и кромидот и магдоносот ситно исечкајте ги во сецко. Потоа спојте со меленото пилешко, па додајте мајонез, презла, сол и зачин. Убаво соединете.
  2. Рацете намастете ги и обликувајте плескавици. Иситнете кашкавал, фино соединете со плескавиците за кашкавалот да не истече при пржењето.
  3. На врело масло ставете полнети плескавици, така што споените краеви ќе бидат свртени надолу. Плескавиците пржете ги додека не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text