Вкусен доручек – брза подготовка

Вкусен доручек – брза подготовка

Вкусни сендвич прженици – одличен предлог за појадок или вечера.

Состојки:

  • 4 парчиња тост леб
  • 3 јајца
  • 50 гр растопен путер
  • 100 гр фета сирење
  • 50 гр тврдо сирење

Начин на подготовка:

  1. Посолете ги и разматете ги јајцата со растопен путер. Во добиената смеса потопете две кришки леб, па ставете ги во плех премачкан со растопен путер или масло.
  2. На секоја кришка ставете по едно парче фета, па преостанатите две кришки потопете ги во смесата од јајца и ставете ги врз фета сирењето. Прелијте ја преостанатата смеса со јајца и посипете со рендано сирење.
  3. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text