Едноставен рецепт за тортиљи: Само измешајте ги состојките и испржете

Едноставен рецепт за тортиљи: Само измешајте ги состојките и испржете

Домашни тортиљи на едноставен начин.

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 480 мл вода
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното, солта и шеќерот, па постепено додавајте вода и измешајте. Смесата треба да биде малку погуста отколку за палачинки. Мешајте додека не ги разбиете сите грутки, а потоа додајте масло и повторно измешајте.

     

  2. Тавата премачкајте ја со масло и кога ќе се загрее, ставете две кутлачи од смесата и малку развлечете на тавата. Се пржи и се врти секоја минута. Важно е тестото да се притисне на работ за да се направи балон. Се редат на плех и се покриваат со крпа, па се чека да омекнат.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text