Најбрзиот и наједноставниот рецепт за пита со јаболка.
Состојки:
- 4 јаболка
- 2 јајца
- 50 гр шеќер
- 100 мл млеко
- 200 гр пченично брашно
Начин на подготовка:
- Јаболката исечкајте ги на парчиња, па прелијте со малку сок од лимон. Премачкајте ја тепсијата со путер и ставете јаболка. Разматете јајца со шеќер, па ставете млеко и уште малку соединете со миксер. Потоа додајте просеано брашно и повторно разматете. Ставете преку јаболката. Печете на 190 степени 40 минути.
Уживајте!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко