Брз и вкусен доручек…
Состојки:
- стар леб на парчиња
- јајца
- издробено сирење
- млеко
- малку масло
Начин на подготовка:
- Рерната вклучете ја на 220 степени. Стариот леб исечкајте го на парчиња. Во чинија издробете сирење, додајте млеко, малку масло и јајца и сѐ изедначете.
- Лебот добро потопете го во сирење од едната и другата страна. Плехот обложете го со хартија за печење па редете леб еден до друг. Печете 20-30 минути во зависност од рерната убаво да порумени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: