Јогурт пита за половина час – брз и вкусен рецепт.
Состојки:
- 1 јајце
- 2 дл јогурт
- 1 дл масло
- 3 чаши брашно Т400
- 1 лажичка сол
- 12 гр прашок за печиво
Состојки за фил:
- 300 гр сирење
- 1 јајце
Состојки за премачкување:
- 1 јајце
- сусам
Начин на подготовка:
- Разматете јајце, па додајте јогурт и масло, а потоа брашно, прашок за печиво и сол. Замесете тесто.
- Подгответе фил така што ќе измешате сирење и јајце.
- Развлечете тесто и ставете фил преку. Свиткајте малку, па исечкајте. Свитканото тесто исечкајте го по должина (како што е прикажано во видеото). Редете во намастена тепсија па премачкајте со јајце и посипете со сусам.
- Печете во рерна на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи