Одличен рецепт за вкусни ароматични мафини…
Состојки:
- 180 гр брашно
- 150 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50 гр скроб
- 100 мл масло
- сок од лимон и малку изрендана кора
- 4 јајца
- 1 лажичка прашок за печиво
- 100 гр џем
Начин на подготовка:
- Вклучете ја рерната на 180 степени, подгответе калапи за мафини.
- Разматете јајца со шеќер и ванила, додајте лимон, масло, кора од лимон, измешајте ги сувите состојки, прашок за печиво. Излејте во калап за мафини и печете на 180 степени околу 20-25 минути.
- Извадете малку средина од мафините и филувајте со џем.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт