Брзо и едноставно подгответе совршен ручек.
Состојки:
- 6 свински котлети
- 150 гр кашкавал
- 1 главица кромид
- 2 кисели краставички
- 3 лажици мајонез
- 1 лажичка сенф
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- На котлетите направете коцки со нож. Не ги сечете до крај бидејќи месото треба да остане цело. Посолете и побиберете. Во сад измешајте мајонез и сенф. Месото ставете го во плех обложен со хартија за печење, па преку месото премачкајте смеса од мајонез и сенф.
- Краставичките и кромидот исечкајте ги на кругови, па наредете преку месото. Посипете со рендан кашкавал и печете на 180 степени околу половина час.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Гурман“: