Брза и лесна подготовка, без печење.
Состојки:
- 400 мл вода или млеко
- 10 гр ванилин шеќер
- 80 гр чоколадо
- 120 гр маргарин или путер
- 400 гр бисквити
- 120 гр чоколадо за глазура
- 3 лажици масло или 120 мл слатка павлака за глазура
Начин на подготовка:
- Во тенџере згответе вода и шеќер додека не зоврие. Додајте маргарин и чоколадо. Кога ќе се растопат исклучете. Во голем сад искршете бисквити и преку прелијте врел фил. Добро измешајте. Префрлете во калап и притиснете со лажица или шпатула за смесата рамномерно да се распореди. Преку прелијте чоколадна глазура.
- Колачот оставете го на ладно, најмалку 3 часа.
Уживајте!