Ручек со свинско месо – вкусно јадење кое ќе го правите често.
Состојки:
- 800 гр свинско месо – плешка
- 4 чешниња лук
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 5 компири
- 100 мл вода
- сол
- бибер
- сув зачин
- црвена пипер
- ловоров лист
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на коцки. Месото пропржете го на средна температура додека не фати кора, со постојано мешање. Потоа намалете ја температурата и додајте ситно сечкан кромид и морков на кругови и гответе додека не омекне. Кога кромидот ќе омекне зачинете и измешајте. Додајте вода и компир исечкан на ситни коцки. Компирите само ставете ги преку месото, па поклопете и гответе на тивок оган без мешање 20 минути. Потоа додајте сечкан лук, малку измешајте и исклучете го шпоретот.
Добар апетит!
Деталтие за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Тања“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт