Кога ќе посакате нешто ново, пробајте го овој рецепт.
Состојки:
- 1 или 2 тиквички
- 300 гр пилешки гради
- 3 струка млад кромид
- 1 пиперка
- сол, оригано
- 5 лажици брашно
- 4 лажици пченкарен скроб
- вода
- масло
Начин на подготовка:
- Излупете ги тиквичките на тенки ленти. Пилешкото, пиперката и кромидот исечкајте ги на ситни парчиња, измешајте, додајте зачини и матете со миксер. Секоја лента тиквичка премачкајте ја со оваа смеса, потопувајќи ја лажицата во вода за полесно да се размачка. Свиткајте и извалкајте во мешавина од брашно и пченкарен скроб и вода од сите страни. Пржете во масло.
Добар апетит!