Едноставен и брз рецепт.
Состојки:
- 1 тиквичка
- 3 компири
- 4 јајца
- 30 мл масло
- 1 лажица брашно
- печеница (или шунка по желба)
- тврдо сирење (по избор)
- 1 лажица презла
Начин на подготовка:
- Изрендајте ги компирите, тиквичките. Посолете и добро измешајте. Оставете околу 10 минути, а потоа процедете го вишокот течност. Се ставаат во поголем сад и се додаваат јајцата, прстофат сол, бибер, масло и една лажица брашно. Добро промешајте.
- Плехот за печење со дијаметар од 24 см подмачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење. Истурете половина од смесата. Наредете ја печеницата, па изрендајте го кашкавалот. Потоа рамномерно распоредете го остатокот од смесата со тиквичките. Посипете со презла.
- Се пече во загреана рерна на 210 степени околу 30 минути. Оставете во рерна да се излади.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна