Печени компири со сирење

Печени компири со сирење

Најдобриот рецепт за печени компири со сирење.

Состојки:

  • 1,2 кг компири
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажички сенф
  • 600 мл павлака за готвење
  • 1 чаша тврдо сирење по желба
  • 1/2 чаша пармезан

Начин на подготовка:

  1. Исечете ги компирите на тенки кругови, исечкајте го и кромидот, а лукот на ситни парчиња. Измешајте го зеленчукот, посолете и побиберете, па додадете го сенфот и павлаката за готвење. Добро измешајте со раце.
  2. Ставете во тепсија за печење и убаво распоредете. Покријте со фолија и печете во загреана рерна на 180 степени околу еден час. Извадете ја фолијата, па посипете со рендано сирење и пармезан, па вратете да се запече.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text