Чорба која закрепнува и ја враќа енергијата.
Состојки:
- 1 пиле (1,5 кг)
- 1 голема главица кромид
- 2-3 моркови
- целер со големина на јајце
- 2 ловорови листови
- 1/2 шолја ориз
- 2 лимони
- 3-4 жолчки
- 150-200 мл павлака
- магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Во длабок лонец ставете пиле и налијте 4-5 литри вода. Посолете и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие намалете го огнот и тргнете ја пената која се прави. Кога ќе ја тргнете пената, додајте исечкни моркови, ловор и целер, па оставете да се готви. Кога пилешкото ќе се зготви со зеленчукот, извадете го пилето па извадете ги коските и кожата, иситнете го месото и вратете го во лонецот. Додајте и ориз.
- По 15 минути готвење, измешајте сок од лимон со жолчки, додајте павлака и добро соединете. Полека ставете ја таа семса во лонецот со мешање. Посолете и побиберете по вкус. Додајте магдонос и послужете ја пилешката чорба додека се уште е топла.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт