Компир со кашкавал и зачини

Компир со кашкавал и зачини

Оброк кој ќе го правите често!

Состојки:

  • 8 големи компири
  • 1/2 шолја масло
  • 1/2 лажица лук во прав
  • 1/2 лажица буковец
  • 2 лажици ситно рендан кашкавал (најдобро пармезан)
  • 1/4 лажичка бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на крупни парчиња. Сите состојки измешајте ги и во нив извалкајте ги парчињата компири па наредете ги во плех, на хартија за печење.
  2. Печете на 190 степени околу 45 минути. Послужете со павлака, или кечап и мајонез.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text