Брзи крофни од рерна – без маснотии.
Состојки:
- 200 милилитри млеко
- 10 гр квасец
- 1 лажичка шеќер
- 30 милилитри маслиново масло
- 3 јајца
- 400-450 гр брашно
- малку сол
- кора од лимон
- За фил: Џем и посипете со шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Издробете го квасецот во млако млеко, а потоа додадете шеќер. Кога ќе стане пенесто се прелива во вангла, се додаваат јајцата. Масло, кора од лимон, брашно и сол и замесете помеко тесто. Покријте да одмори 30 минути.
- Расукајте го тестото и вадете крофни со калап и наредете ги на плех. Покријте со крпа да нараснат малку. Печете на 180 степени 30 минути. Покријте ги повторно да се изладат, а потоа ставете малку џем во средината и посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна