Совршени мафини со јагоди и бело чоколадо.
Состојки:
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- 150 гр маргарин
- 150 гр шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 200 гр брашно
- прстофат сол
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 200 гр јагоди
- 100 гр бело млечно чоколадо
Начин на подготовка:
- Растопете маргарин во микробранова или во рерна. За тоа време подгответе калап за мафини, исечкајте јагоди и чоколадо. За печење на мафините потребно е да вклучите рерна да се загреава на 200 степени.
- Во растопениот маргарин измешајте шеќер, ванилин шеќер, млеко и јајца. Во брашното измешајте прашок за печиво, сол па спојте со разматените течни состојки.
- Со помош на кеса за замрзнувач ставајте од масата во калапи до половина, наредете јагоди и чоколадо. Печете околу 30 минути и послужете со шлаг или сладолед. можете да ги посипете и со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега