Едноставен рецепт за мафини со тиквици: Супер се за доручек, а брзо се спремаат

Едноставен рецепт за мафини со тиквици: Супер се за доручек, а брзо се спремаат

Едноставен рецепт за мафини со тиквици.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 2 тиквички
  • 1 лажичка слатка пиперка
  • 3 лажици брашно
  • 4 лажици вода
  • 2 јајца
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Се пропржува ситно сечканиот кромид, па се додава ситно сечканиот морков. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете ситно сечкани тиквички. Зачинете со сол, бибер и посипете со слатка пиперка, па измешајте. Покријте и динстајте уште 10 минути. 
  2. Измешајте брашно и вода, да нема грутчиња, па додадете ги јајцата и маслиновото масло. Посолете и сè убаво измешајте, па додадете го готовиот зеленчук. 
  3. Во калап за мафини ставете хартиени корпички, а доколку немате добро намастете. Ставете ја смесата и печете во рерна на 180°C околу 15-20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text