Полнет патлиџан: Гурмански оброк без месо

Полнет патлиџан: Гурмански оброк без месо

Гурмански оброк без месо.

Состојки:

  • 4 модри патлиџани
  • 2 пиперки
  • 1 домат
  • 1/2 лута пиперка
  • 1 чешне лук
  • 2 парчиња леб
  • 3 лажици пармезан сирење

Начин на подготовка:

  1. Излупете ја кората од патлиџаните во тенок слој, само од едната страна. Се редат во плех обложен со хартија за печење, така што страната со кора е свртена надолу. Премачкајте со масло и сол, па печете на 200°C околу 15 минути. Изблендирајте ја пиперката, доматот, лутата пиперка и лукот, па измешајте во сад. Исечете ја кората од лебот, па средината исечкајте ја и додајте во смесата, како и пармезанот. Добро измешајте. Модриот патлиџан исечете го на средина и раширете го, па наполнете го со смесата. Намачкајте со масло и посипете со пармезан. Вратете во рерна уште 20 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text