Како се прави фритата: Италијански специјалитет полн со зеленчук и сирење

Како се прави фритата: Италијански специјалитет полн со зеленчук и сирење

Италијански специјалитет полн со зеленчук и сирење.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 80 мл павлака за готвење
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1/2 шолја сечкан кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 шолја сечкана пиперка
  • 1 шолја сечкани компири
  • 1 шолја сечкани тиквички
  • 2 шолји спанаќ
  • 1,5 шолја сечкано сирење

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги јајцата со павлаката за готвење и посолете. Во тава загрејте масло и додадете исечкан кромид, посолете малку и пропржете додека да омекне. Додадете мелено лукче и сечкани пиперки, компири и тиквички. Продолжете со пржење додека зеленчукот не омекне. Зеленчукот прелијте го со 1/2 чаша сирење, па додадете ја смесата со јајцата. Потоа посипете го преостанатото сирење и оставете го на шпорет уште 5 минути. Префрлете се во загреана рерна и печете на 200°C околу 8 минути. Зачинете по вкус.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text