Вегетаријански соја ќофтиња

Вегетаријански соја ќофтиња

Ќофтињата се толку вкусни, што ќе се воодушеваат и најголемите љубители на месо.

Состојки:

  • 150 гр соја во зрно
  • 60 гр ориз
  • 60 гр брашно
  • 1/2 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • 3 лажици масло
  • малку лута пипер во прав
  • 1/2 веза магдонос
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Зрната соја држете ги неколку часа потопени во вода, исцедете ги и преку ноќ оставете ги во замрзнувач.
  2. Наутро замрзнатата соја ставете ја во зовриена вода и гответе еден час на умерена температура зрната сосема да омекнат. Лушпите кои во текот на готвењето ќе испливаат на површина, отстранете ги со лажица.
  3. Исцедете ја сојата и сомелете во машина за месо.
  4. Оризот згответе го во солена вода, исцедете и измешајте го со соја. Додајте кромид и лук, јајце, брашно, сол и бибер, па сè заедно добро замесете.
  5. Од добиената смеса формирајте ќофтиња и пржете ги во загреано масло да поруменат, па послужете ги со доматен сос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text