Ражничи од пилешко филе и лути колбаси

Ражничи од пилешко филе и лути колбаси

Вкусни и брзи ражничи…

Состојки:

  • 500 гр свежо пилешко филе
  • 250 гр јунешки лути колбаси
  • мешавина од зачини
  • босилек
  • маслиново масло
  • стапчиња за ражничи

Начин на подготовка:

  1. Од пилешките гради исечкајте неколку помали, но дебели шницли (медаљони). На средина од секоја шницла направете помал засек во кој треба да ставите парче колбас. Дрвените стапчиња намасете ги, па лесно на нив редете пилешко и колбаси.
  2. Во помал сад измешајте маслиново масло и зачини, па со тоа премачкајте го месото. Ражничите печете ги на скара или тава од секоја страна додека не поруменат. Послужете со рукола и шери домати.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text