Ништо подобро од врела пита со сирење…
Состојки:
- 1/2 кг готови тенки кори
- 200 гр сирење
- 250 мл кисело млеко
- 3 јајца
- 50 мл масло
Начин на подготовка:
- Сирењето издробете го на крупни парчиња. Во киселото млеко додајте јајца и масло и изедначете. Плехот со големина 40х20 премачкајте го добро со масло.
- Секоја кора згужвајте ја како хармоника и редете по должина во плехот. Ставете сирење. Прелијте со кисело млеко и протресете. Печете а 200 степени околу 50 минути убаво да порумени.
- Изладената гибаница сечете ја и послужете со јогурт.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи