Неодолив фереро крем – десерт кој ќе го обожавате!

Неодолив фереро крем – десерт кој ќе го обожавате!

Комбинацијата од чоколадо и лешници е вкус кој многумина го сакаат. Ви предлагаме да се засладите со овој рецепт.

Состојки:

  • 250 мл слатка павлака
  • 250 гр крем сирење
  • 100 гр чоколаден крем
  • 100 гр наполитанки од лешник
  • 50 гр сечкани печени лешници

Начин на подготовка:

  1. Наполитанките исечкајте ги на коцки, а печените лешници ставете ги во кесичка и издробете ги со кујнски чекан. Слатката павлака изматете ја кратко, па додајте ги крем сирењето и чоколадниот крем и измешајте уште неколку секунди за да се соединат сите состојки во фин крем. 
  2. Потоа подгответе три чаши од 300 мл (или пет помали) и наизменично ставајте разматен крем, наполитанки, крем, па лешници додека не ги потрошите сите состојки. 
  3. Наполнетите чаши украсете ги со растопено чоколадо, посипете со остатокот од мелените лешници и оставете го во фрижидер добро да се излади фереро кремот пред послужување.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text