Еве како да направите вкусна пица за 15 минути

Еве како да направите вкусна пица за 15 минути

Брз, вкусен, крцкав, совршен оброк…

Состојки:

  • 20 гр квасец
  • 250-300 гр брашно
  • сол
  • 50 мл масло
  • 1 праз
  • 100 гр тврдо сирење
  • 100 гр кашкавал
  • малку шери домати
  • 200 мл млеко
  • оригано
  • 200 гр сувомеснато по избор
  • кечап или доматно пире

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во млако млеко, можете да додадете и лажичка шеќер. Измешајте брашно, сол, масло, додајте надојден квасец, па замесете малку помеко тесто. Оставете да отстои 15 минути, па премесете и развлечете што потенко.
  2. Тестото премачкајте го со кечап или доматно пире, потоа додајте ситно сечкано сувомеснато и од горе кругови праз. Посипете со издробено сирење, распоредете шери домати и на крај посипете со оригано.
  3. Преку сè изрендајте кашкавал и печете на 230 степени 10-15 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text