Одлични за грицкање додека гледате филм…
Состојки:
- 130 гр сирење
- 1 јајце
- 100 гр путер
- малку сол
- 150 гр оризово или хељдино брашно
- 1/2 лажичка сода бикарбона или малку прашок за печиво
- 2 лажици сусам
- 2 лажици сончоглед
- 2 лажици ленено семе
- 1 жолчка
Начин на подготовка:
- Разматете јајце, додајте путер, па со жица измешајте. Додајте изгмечено сирење, просеано брашно со сода бикарбона, малку сол, сусам, сончоглед и ленено семе. Измешајте, замесете со раце, развлечете со сукало на половина сантиметар дебелина.
- Исечкајте стапчиња на сантиметар ширина и редете ги во плех. Премачкајте со жолчка и посипете со уште малку семки. Печете на 200 степени околу 20 минути да поруменат.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука