Брзо се прави, а вкусот е одличен!
Состојки:
- 1 пакување темни готови кори
- 750 гр шлаг
- 3 дл кисела вода
- 1 кг кисела павлака
- 300 гр шеќер во прав
- 600 гр мелени бисквити
- 1/2 л чоколадно млеко
Начин на подготовка:
- Со миксер разматете шлаг со ладна кисела вода. Водата додавајте ја постепено, за шлагот подобро да се размати.
- Во меѓувреме киселата павлака измешајте ја со шеќер во прав, па во тоа додајте мелени бисквити и убаво соединете. Во добиената смеса додајте уште 9 лажици разматен шлаг.
- Ставете кора на тацна, натопете со чоколадно млеко па намачкајте со шлаг и преку со фил од бисквити. Повторете ја постапката со уште 2 останати кори. Од горе по желба прелијте со чоколадна глазура и украсете по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог: