Колач со сирење и чоколадни трошки: Кремаст и освежувачки десерт

Колач со сирење и чоколадни трошки: Кремаст и освежувачки десерт

Кремаст и освежувачки десерт…

Состојки:

  • 500 гр свежо сирење
  • 200 гр кисела павлака
  • 170 гр крем сирење
  • 130 гр шеќер
  • 20 гр желатин
  • 80 мл вода
  • 80 гр чоколадни трошки

Начин на подготовка:

  1. Измешајте желатин и вода и оставете да набабри. Во сад измешајте сирење, павлака, крем сирење и шеќер. Добро изматете, па додадете го желатинот што сте го растопиле на пареа. Третина од филот ставете ја во калап со пречник од 20 см, па посипете со чоколадни трошки, ставете ја втората третина од филот, повторно чоколадни трошки и потоа преостанатиот фил. 
  2. Израмнете и покријте со проѕирна фолија, па ставете во фрижидер да стегне 3-4 часа. Украсете со чоколадни трошки.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text