Совршени ќофтиња полнети со кашкавал

Совршени ќофтиња полнети со кашкавал

Совршени ќофтиња полнети со кашкавал.

Состојки:

  • 120 гр кашкавал по избор, сечкан на коцки со големина од околу 1 см
  • 1,5 кг доматен сос
  • 750 гр мелено јунешко месо
  • 1 главица кромид, ситно сечкн
  • 1 јајце
  • 1/2 шолја презла
  • 1 лажичка сушено оригано
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Коцките кашкавал ставете ги во кеса за замрнувач, па замрзнете ги на 1 час.
  2. Загрејте рерна на 150 степени. Обложете плех со хартија за печење и премачкајте ја хартијата со масло.
  3. Во поголема чинија измешајте презла со 3 лажици сос од домати, па измешајте месо, кромид, сол, бибер, оригано и јајце. Од смесата обликувајте топчиња со пречник од 5 см, па во секое втиснете по коцка кашкавал, и добро обмотајте ја со месо. Наредете ги во плех и печете ги 10 минути.
  4. Во меѓувреме, остатокот од сосот ставете го во тенџере, поклопете и загрејте до точка на вриење на среден оган, често мешајќи. Потоа ставете ги ќофтињата, внимателно измешајте, па намалете ја температурата, поклопете и гответе 10-15 минути, повремено мешајќи. Послужете со компир пире.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text