Поинаков рецепт за макарони: Ручек кој ќе го обожавате!
Состојки:
- 2 л вода
- сол
- 160 гр тестенини
- 2 црвени пиперки
- 3 чешниња лук
- 1 лута пиперка
- 100 гр кашкавал
- маст
- 1 лажица брашно
- 330 мл млеко
- 50 гр колбаси
- 30 гр маслинки
Начин на подготовка:
- Згответе тестенини по избор. Направете бешамел сос. Лажица маст или путер, лажица брашно и ладно млеко. Мешајте додека не згусне. Додајте и растопете кашкавал. Оставете на страна.
- На маст пропржете пиперки, лута пиперка и лук. Додајте ги готовите тестенини и бешамел сос. Ставете во сад за печење, изрендајте сирење од горе, и ставете малку сечкани маслинки и шери домати. Запечете во рерна.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“: