Запечени компири со кашкавал – брз и вкусен ручек

Запечени компири со кашкавал – брз и вкусен ручек

Запечени компири со кашкавал – брз и вкусен ручек.

Состојки:

  • 1 кг компири исечкани на тенки кругови
  • 1 главица кромид исечкан на кругови
  • 80 гр рендан кашкавал (најдобро чедар)
  • 125 мл млеко
  • 250 мл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • путер

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте плех со растопен путер.
  2. Ставете павлака, млеко и кромид во сад на средна температура. Гответе 3-4 минути или додека не почне да врие. Тргнете од оган, посолете и побиберете. Оставете на страна десетина минути малку да се излади па кромидот извадете го и тргнете го на чинија.
  3. Ставете третина од компирите на дното од садот и оставете да се преклопуваат. Прекријте со третина од кромидот и третина од кашкавалот. Повторете ја постапката уште 2 пати.
  4. Прелијте со мешавина од павлака и млеко. Печете еден час или додека компирите не станат меки, а врвот крцкав и златен. Почекајте десетина минути пред сервирање, малку да се излади.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

 

 

 

singlepost_text