Направете го овој едноставен десерт и изненадете ги домашните…
Состојки:
- 1 голема обланда
- 1/2 л млеко
- 500 гр шеќер
- 1 маргарин
- 1/2 кг мелени бисквити
- 100 гр ореви
- 100 гр чоколадо за готвење
- 3 лажици масло
Начин на подготовка:
- Карамелизирајте го шеќерот, но внимавајте да не потемни многу, па додајте млеко и маргарин.
- Кога ќе се растопи додајте бисквити и ореви. Филувајте ги обландите со врел фил.
- Преку последната кора ставете нешто тешко за обландата убаво да стегне.
- Дури наредниот ден направете глазура и премачкајте ја обландата.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди